Бракови помеѓу личности од различна етничка припадност

Многу често можеме да слушнеме, во нашата околина, дека: некој наш сосед, другар од детството, некој соученик од училиште или факултет или пак некој наш познаник  има стапено во брак  со личност  која што е од различна етничка припадност од неговата. Етничките мешани бракови, посебно помеѓу Македонците и Албанците, односно помеѓу христијаните и муслиманите за кои се тврди дека многу ретко се склопуваат, претставува всушност вистинска табу тема.

Најчесто од постарите, од нашите родители, баби и дедовци, можеме да слушнеме дека не преферираат, поточно не сакаат нивните деца да бидат во брак со некој што е од различна етничка припадност од нивната.  Тие на тоа ни укажуваат со тврдењето дека постојат големи верски и културни разлики кои што ниеден брак не би можел да ги поднесе. Тие веруваат дека доколку нивното дете биде еден од овие случаи, без разлика дали се тоа Македонци или Албанци, неговиот живот ќе биде уништен, средината тешко ќе го прифати тоа, и сите оние кои што директно или индиректно ја опкружуваат личноста која што го остварила тој брак, ќе бидат посрамотени.

Но исто така, од друга страна, има луѓе кои што се плод на тие мешани бракови и кажуваат за тоа како бракот на нивните родители е нормален и ништо поразличен од браковите кои што се склучени помеѓу Македонец- Македонка, Албанец- Албанка и сл. Тие си ги слават и почитуваат обичаите и културата на двете страни и си живеат среќно. Но сепак колку и да звучи убедливо, не постои видлив доказ дека тоа што го кажуваат е вистина. Можеби тие се принудени да го кажуваат тоа поради што не сакаат да бидат гледани поинаку од останатите поради тоа што се деца на родители од мешани бракови.

Меѓу тоа тие не се свесни за тоа дека младите се, се повеќе заедно вклучени во  општеството, каде што се голем дел од денот заедно. Тие работат на исто работно место, излегуваат на исто место, студираат на исти универзитети, посетуваат исти курсеви што до некаде ни укажува на тоа од каде може да произлезат љубовните искри . Младите како млади и луѓето како луѓе без разлика на етничката припадност се пред се личности со душа, срце и емоции. Секој може да биде заведен од физичкиот изглед, харизмата или пак да биде воодушевен од интелектот на некоја личност без разлика на неговата етничка припадност.

Понекогаш колку и да се трудиме тоа да го избегнеме, тоа едноставно се случува многу често посебно кај младите. Емоциите спонтано може да надвладеат со секоја личност и дури понекогаш да му го сменат животот засекогаш со тоа што на крај љубовта ќе биде овековечена со брак.

Creative Commons License

Бракови помеѓу личности од различна етничка припадност is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 2.5 Macedonia License.

1 Коментар »

  1. fallenangel Said,

    мај 3, 2010 @ 14:12

    Za da se skluci brak najvazna e ljubovta pomegu partnerite i nivnoto megusebno razbiranje. Dokolku tie se pocituvaat i se podgotveni celiot zivot da go pominat zaedno razlicnata etnicka pripadnost ne bi trebalo da e nikakva precka. Tocno e deka kaj nas ova e seuste kontroverzna tema , no toa ke se smeni koga i da e , a promenata ni ja nalozuva brziot razvoj na opstestvoto so sto se promenuvaat mislenjata na lugeto.

RSS feed for comments on this post · TrackBack URI

Напиши коментар