Archive forмај, 2010

“Заеднички визии”

На ден 15 мај 2010 се одржа мултимедијалниот настан “ЗАЕДНИЧКИ ВИЗИИ” кој се одржа во Чифте Амам во Старата скопска чаршија. Како дел од овој настан беше одржана Младинска конференција во која таргет група беа млади лица од 16-24 години од различни делови на Македонија и од различна етничка припадност. Конференцијата ја отвори координаторот на овој проект Сретен Коцески- ИРЗ од Тетово, кој што им посака срдечно добредојде на младите учесници. Понатака на младите учесници им беше презентирана програмата “Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу зедниците”, од страна на Зоја Наскова- офицер во УНЕСКО, каде оваа конференција е дел од таа програма, а од учесниците се очекува да дадат свој придонес во реализација на истата.

Младите беа охрабрени за нивно залагање и напредок во нината работа за подобрување на меѓуетничките односи и меѓуетничкиот соживот со тоа што  на неколку наврати им беше посочено дека “ВО МЛАДИТЕ Е ИДНИНАТА”. Младите од различни етникуми и од различни делови на Република Македонија отворено и без никакви предрасуди разговараа за разликите меѓу нив, и преку забава и дружење се обидуваа да ги надминат предизвиците кои постојат помеѓу нив размислуваа и едногласно се сложија дека треба да почнат да ги чуствуваат придобивките од можноста да живеат во земја која што е богата со различности, и дека како таква треба да ја прифатат и заеднички да чекорат напред.

Во текот на денот, после младинската конференција, во склоп на мултимедијалниот настан, во Чифте Амам, беа изложени најдобрите фотографии од конкурсот Заеднички визии, кој го спроведуваше Високата школа за новинарство и за односи со јавноста (ВС) во соработка со Институтот за Развој на Заедницара (ИРЗ) од Тетово. На фотоконкурсот кој траеше од 15 април до 15 мај годинава, учествуваа млади луѓе на возраст од 15-25 години од различни етнички заедници и различни места од земјава, а беа пријавени вкупно 258 фотографии во две категории дигитална фотографија и аматерска фотографија.

На настанот беа прогласени добитниците на наградите, кои беа добиени по процес на селекција спроведуван од стручно жири составено од познати дизајнери, фотографи, новинари и претставникот на УНЕСКО во земјава. Наградените добија фотографска опрема која ќе им помогне за поуспешна, понатамошна и визуелна работа. Добитници на награди беа:

1. Сотир Хаџи-Николов, Гевгелија, добитник на Гранд при

2. Јордан Кирковиќ, Скопје, добитник на Прва награда

3. Ивана Димитриевска, Куманово, добитник на Втора награда

4. Игор Лазаров, Кочани, Трета награда

Активностите на ВС и на ИРЗ беа поддржани од страна на заедничката програма на Обединетите Нации “Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу зедниците”, и беа реализирани под покровителство на канцеларијата на УНЕСКО во Венеција и со финансиска подрашка на Фондот за остварување на Милениумските развојни цели и Владата на Шпанија.

Creative Commons License
Заеднички визии is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 2.5 Macedonia License.

Comments (1)