Archive forНекатегоризирано

“Заеднички визии”

На ден 15 мај 2010 се одржа мултимедијалниот настан “ЗАЕДНИЧКИ ВИЗИИ” кој се одржа во Чифте Амам во Старата скопска чаршија. Како дел од овој настан беше одржана Младинска конференција во која таргет група беа млади лица од 16-24 години од различни делови на Македонија и од различна етничка припадност. Конференцијата ја отвори координаторот на овој проект Сретен Коцески- ИРЗ од Тетово, кој што им посака срдечно добредојде на младите учесници. Понатака на младите учесници им беше презентирана програмата “Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу зедниците”, од страна на Зоја Наскова- офицер во УНЕСКО, каде оваа конференција е дел од таа програма, а од учесниците се очекува да дадат свој придонес во реализација на истата.

Младите беа охрабрени за нивно залагање и напредок во нината работа за подобрување на меѓуетничките односи и меѓуетничкиот соживот со тоа што  на неколку наврати им беше посочено дека “ВО МЛАДИТЕ Е ИДНИНАТА”. Младите од различни етникуми и од различни делови на Република Македонија отворено и без никакви предрасуди разговараа за разликите меѓу нив, и преку забава и дружење се обидуваа да ги надминат предизвиците кои постојат помеѓу нив размислуваа и едногласно се сложија дека треба да почнат да ги чуствуваат придобивките од можноста да живеат во земја која што е богата со различности, и дека како таква треба да ја прифатат и заеднички да чекорат напред.

Во текот на денот, после младинската конференција, во склоп на мултимедијалниот настан, во Чифте Амам, беа изложени најдобрите фотографии од конкурсот Заеднички визии, кој го спроведуваше Високата школа за новинарство и за односи со јавноста (ВС) во соработка со Институтот за Развој на Заедницара (ИРЗ) од Тетово. На фотоконкурсот кој траеше од 15 април до 15 мај годинава, учествуваа млади луѓе на возраст од 15-25 години од различни етнички заедници и различни места од земјава, а беа пријавени вкупно 258 фотографии во две категории дигитална фотографија и аматерска фотографија.

На настанот беа прогласени добитниците на наградите, кои беа добиени по процес на селекција спроведуван од стручно жири составено од познати дизајнери, фотографи, новинари и претставникот на УНЕСКО во земјава. Наградените добија фотографска опрема која ќе им помогне за поуспешна, понатамошна и визуелна работа. Добитници на награди беа:

1. Сотир Хаџи-Николов, Гевгелија, добитник на Гранд при

2. Јордан Кирковиќ, Скопје, добитник на Прва награда

3. Ивана Димитриевска, Куманово, добитник на Втора награда

4. Игор Лазаров, Кочани, Трета награда

Активностите на ВС и на ИРЗ беа поддржани од страна на заедничката програма на Обединетите Нации “Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу зедниците”, и беа реализирани под покровителство на канцеларијата на УНЕСКО во Венеција и со финансиска подрашка на Фондот за остварување на Милениумските развојни цели и Владата на Шпанија.

Creative Commons License
Заеднички визии is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 2.5 Macedonia License.

Comments (1)

Македонија е мултиетничка а не бинационална држава !!!

Во институциите на системот во нашата држава, согласно рамковниот договор сите етнички заедници кој живеат во Р.Македонија треба да бидат еднакво застапени, како и да бидат еднакво вклучени во донесувањето на одлуките кој се важни за нашето општество.

Во Р.Македонија живеат етнички заедници што не ја  исполнуваат квотата кој им обезбедува влез во уставот и преамбулата на Р.Македонија

и се напишани како други, во нив спаѓаат Египќаните, Црногорците, Ерменците, Полјаците, Словените кој здружени во мрежа за мултикултурно општество ги бараат своите права кој се загарантирани со уставот на Р.Македонија.

http://www.facebook.com/group.php?gid=108848572480645&v=info&ref=ts

Реалност!!!

Во реалноста државата води сметка за поголемите етнички заедници Албанците,Турците,Ромите,Власите, и Србите, кој преку разни програми и проекти (декада на ромите, комисиите за односи помеѓу заедниците и др)имаат полесни можности за вработувања во институциите и како и да бидат дирекно вклучени при донесувањето на одлуките, кој помалите етнички заедници не се застапени или пак се во многу мал број што немаат можност да го кажат своето мислење.

Во некои општини каде што живеат помелите етнички заедници беше извршен шест месечен мониторинг каде се следеа вработувањата и застапеноста на етничките заедници во општинската администрација, кој од помалите етнички заедници кој живеат во општината немаше ниту еден вработен.

Општината распиша оглас, на кој се пријавија и преставници од помалите етнички заедници што ги исполнуваа сите услови кој беа наведени во огласот, дополнително беше покрената и престапка кај јавниот правобранител, кој од страна на општината писмото на јавниот правобранител беше игнорирано, а додека од  страна на комисијата која беше задолжена за вработување, беше одбиена  апликацијата за вработување на лицето кој за време на интервјуто се чуствувал дискриминиран и омаловажуван, од страна на комисијата.(овие информации се добиени од Здружението за заштита на културниот идентитет на Египќаните „ИЗИДА 41/21“ Ресен)

Македонија не е подготвена за преговори со ЕУ!!!

Сојузот на Балканските Египќани на одржаната тркалезната маса што се одржа во клубот на пратеници, во рамките на проектот „ Социјална вклученост на заедниците кој се ранливи на расната дискриминација“ донесе заклучок дека македонија не е  спремна за преговори со Европската Унија во однос на социјалното вклучување на малцинствата кој се ранливи на расна дискриминација.

На оваа тркалезна маса присуствуваа министри од владата на Р.Македонија, јавниот правобранител во Р.Македонија како и Евро Амбасадорот Г-дин Ерван Фуере.

http://www.ubaeg.org/index.php?categoryid=4&p2_articleid=30

Помалите етнички заедници кој немаат преставник во власта и нивните права  ги бараат преку невладиниот сектор, денес за жал немаат големо влијание врз институциите на системот, и се почесто се дискриминирани и отфрлени од институциите на системот,  од друга страна и преставниците на помалите етнички заедници плаќаат даноци, и работат за развој на државата, но за жал таа нема слух и ги вклучува само поголемите.

Мултикултурно општество

Превземено од: Nellie Doughty

Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution 2.5 Macedonia License.

Коментари

ИРЗ (Институт за развој на заедницита) и меѓуетнички соживот во општина Тетово

ИРЗ

Општина Тетово е град во кој што живеат припадници на различни етнички групи и тоа Македонци, Албанци, Турци, Роми и согласно според тоа многу е важно прашањето за постоење и градење на меѓуетничкиот соживот  и постоење на високо ниво на разбирање , толеранција,  воедно и соработка припадниците на различните етнички групи,  за да последиците кои сеуште ги имаме т.е дискриминацијата, физички пресметки, нивното меѓусебно неразбирање, постоењето на нетолеранцијата се сведат на најниско можно ниво.

Мисија на организацијата и претходни искуства:

Мисијата на ИРЗ: Институтот за развој на заедницата е невладина и непрофитна организација која работи на меѓуетничко разбирање и толеранција, зајкнување на капацитетите на индивидуалци, организации и институции, како и подобрување на условите за живеење и стандардот на живот на граѓаните.

Искуството на ИРЗ се базира на 15 години работа во заедницата, одговарајќи на потребите на граѓаните и помагајќи да се надминат предизвиците  – Институтот за развој на заедницата е зголемување на меѓуетничката толеранција, зајакнување на демократските капацитети и капацитетите на граѓанското општество

Најзначајните резултати што ИРЗ ги има постигнато досега:

  • Основање на УНЕСКО Клуб – Тетово. Промовирање на вредностите на УНЕСКО со општините со мешано етничко население во Република Македонија
  • Намалување на невработеноста преку спроведување на програмите за самовработување.
  • Спроведување на програмите за добивање приходи со цел достигнување самоодржливост.
  • Учество и регионална координација на мрежата на невладини организации основана со цел да го следи процесот на разоружување во регионите на Тетово и Гостивар.
  • Имплементатор на програми за генерирање на приход за зголемување на самоодржливоста
  • Директно посредување во вработувањето на 30 млади луѓе.

Изминатитот период, ИРЗ се докажа како организација која пто има капацитети, знаење, искуство и експертиза за мобилизација на човечки и технички ресурси, но и како организација која што успеала да воспостави локално партнерство помеѓу различните структури во општеството наоѓајки решение за проблемите на граѓаните.

За сите нас , демократијата и граѓанскотото општество се нови концепти, нов свет, и долго време и труд се потребни за да се разберат нивните вистински вредности. Дополнително, ако луѓето од различни националности ја прифатат идеата за заедничка соработка и заедничко живеење за подобра иднина за секого во општеството, тоа ќе ги следи низ нивните животи и тие ќе можат тоа да го пренесат на идните генерации. Тоа ќе го намали бројот на проблеми и несогласувања кој постои помеѓу луѓето со различна етничка припадност кој живеат на овие простори. Градењето на капацитетите на Невладините Организации, ние инвестираме во подобар живот, во подобро утре.

Creative Commons License

This work is licenced under a Creative Commons Licence.

Коментари

Влијанието на медиумите на меѓуетничките односи

Сите сме свесни дека медиумите имаат големо влијание врз свеста на граѓаните. Со самото нивно влијание граѓаните стекнуваат една визија  за “проблемот” без разлика дали се работи за вистинска информација или не. Како конкретен пример би го зела животот меѓу Македонците и Албанците во Македонија.

Да ја споменеме војната што се случи во 2001 година. Токму во тој период  медиумите имале можност да одиграат голема улога во процесот на помирување бидејќи општопознато е дека медиумите имаат многу големо влијание врз начинот на кој луѓето размислуваат и се однесуваат. Меѓутоа се случувало за еден ист настан албанските и македонските медиуми да известат сосема различно што доведува до уште поголема нетрпеливост помеѓу луѓето. Ако личност што не е запозната со ситуацијата во Македонија ги види вестите од двата различни медиуми (албански и македонски) би помислила дека тие известуваат за два различни настани, а не всушност за еден настан. Најлошото од се е тоа што народот сето тоа го “консумира” и го смета за вистинито, а сето тоа е последица од преносот на секаков вид на информации од страна на медиумите без разлика дали тие се базиираат на вистински факти или не.

Конкретно за мене. Јас живееам во Тетово и секој пат кога ќе заминам некаде поготово во источниот дел на Македонија каде што искрено не се информирани за тоа како се живее во мојот град што е и нормално и сеуште поставуваат прашања од типот “ Како живеете во Тетово” , “Дали е мирно”? А во Тетово е толку мирно, помирно не може да биде. Да не е случајно сето тоа последица од “надуените” информации од страна на медумите?

Сето тоа може да доведе само до избувнување на конфликт до ништо повеќе.

Целиот процес на функционирање и известување од страна на медиумите без разлика дали се електронски, печатени или аудио-визуелно не е едноставен, меѓутоа со постоење на добра волја од страна на медиумите и новинарите тие може позитивно да влијаат.

Како пример да ја наведеме АЛСАТ телевизија која е двојазична телевизија

и која од нејзиното појавување во етерот е добро прифатена од страна на гледачите. Не се сеќавам кога точно беше но се емитуваше една емисија во која гостуваше познатата албанска пеачка БИГ МАМА беше и двојазична и со превод и доведе до зближување на луѓето од двете етнички заедници.

Во иднина вакви напори за мултилингвални медиуми би можеле уште повеќе да придонесат за решавање на конфликтите и доближување на луѓето од различни култури и религии. Но за да се постигне сето тоа треба да се направат напори од страна на медиумите за избегнување на говор на омраза и воспоставување на мултилингвални медиуми но  од друга страна пак и самите луѓе треба да внимаваат што “консумираат” од страна на медиумите дека не треба се да се сфаќа здраво за готово и да се верува буквално на се што ќе се слушне, види и прочита. Па токму поради тоа медиумската писменост во ваков случај е неопходна за една личност да може правилно да постапува и одлучува и да се изгради како некој што знае да ги почитува разликите и да придонесе за мултикултурно општество.

Creative Commons License
This дело is licensed under a Creative Commons Наведи извор-Сподели под исти услови 2.5 Macedonia License.

Comments (1)

БАРИЕРИ ПОМЕЃУ ЕТНИЧКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

Република Македонија е мултинационална држава, која исто така е полна со разни култури, обичаи и традиции. Но, меѓу сите националности постои голема дистанцираност.  Дистанцираноста најчесто се гледа како резултат од разликите помеѓу јазиците, културите, тешките економски состојби, како и разликите на менталитетот помеѓу едните и другите.
Најголем причинител за бариери се предрасудите. Во очите на ромите, македонците се претсавени како луѓе полни со предрасуди спрема нив, додека албанците, главно се брутални кон нив. Албанците ги доживуваат македонците како себични, арогантни и превртливи луѓе. На македонците преовладува чувството дека повеќети албанци се агресивни, склони кон корумпирање на други и неедуцирани. Македонците и албанците  не го доживуваат ромите како група што сериозно ги загрозува.
Направени се голем број на анкети од страна на НВО-а низ Македонија за тоа дали има етнички за тоа дали има бариери меѓу националностите. Голем број од испитаниците албанци, имаат силен впечаток дека тие ги прават сите напори за да имаат добри односи со македонците, но македонците не го сакаат тоа. Причината за ваквата состојба, главно, се припишува на припишаната навика на македонците, како мнозински народ, односно „да бидат привилегирани во споредба со другите“ (извадено од брошурата на НВО “Заеднички вредности”).                              .
Кај сите испитувани групи составени од етнички македонци, дистанцата со албанците се припишува на нивниот страв во однос на физичката безбедност и „политиката на присилно создавање етнички чисти населби преку систематско психолошко и физичко насилство“. Овој дискурс е особено изразен и проследен со силни емоции во средините во кои македонците се малубројни.                              .
За Ромите, кои изразуваат највисок степен на подготвеност на интеракција со другите етнички групи, пречка претставува тоа што другите не се подготвени за интеракција со нив. Многу неромски локали воопшто не им се пристапни, а се наведува и дека децата Роми ги сегрегираат во училиштата. Згора на тоа, тие сметаат дека поради нискиот степен на самодоверба, најдобро се чувствуваат кога се повлечени бидејќи така помалку се изложени на ризикот да бидат исмеани или физички нападнати.
После следниве информации дали мислите дека се ова е банално и стереотипно однесување на сите националности во државава, и поради кое се креираат бариери помеѓу нив. Сите треба да го надминеме овој проблем, зашто во западно-европските држави владее мултиетничко единство, па зашто не пробаме и тука да живееме хармонично и без предрасуди.

Creative Commons License
БАРИЕРИ ПОМЕЃУ ЕТНИЧКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial 3.0 United States License.

Comments (1)

Бракови помеѓу личности од различна етничка припадност

Многу често можеме да слушнеме, во нашата околина, дека: некој наш сосед, другар од детството, некој соученик од училиште или факултет или пак некој наш познаник  има стапено во брак  со личност  која што е од различна етничка припадност од неговата. Етничките мешани бракови, посебно помеѓу Македонците и Албанците, односно помеѓу христијаните и муслиманите за кои се тврди дека многу ретко се склопуваат, претставува всушност вистинска табу тема.

Најчесто од постарите, од нашите родители, баби и дедовци, можеме да слушнеме дека не преферираат, поточно не сакаат нивните деца да бидат во брак со некој што е од различна етничка припадност од нивната.  Тие на тоа ни укажуваат со тврдењето дека постојат големи верски и културни разлики кои што ниеден брак не би можел да ги поднесе. Тие веруваат дека доколку нивното дете биде еден од овие случаи, без разлика дали се тоа Македонци или Албанци, неговиот живот ќе биде уништен, средината тешко ќе го прифати тоа, и сите оние кои што директно или индиректно ја опкружуваат личноста која што го остварила тој брак, ќе бидат посрамотени.

Но исто така, од друга страна, има луѓе кои што се плод на тие мешани бракови и кажуваат за тоа како бракот на нивните родители е нормален и ништо поразличен од браковите кои што се склучени помеѓу Македонец- Македонка, Албанец- Албанка и сл. Тие си ги слават и почитуваат обичаите и културата на двете страни и си живеат среќно. Но сепак колку и да звучи убедливо, не постои видлив доказ дека тоа што го кажуваат е вистина. Можеби тие се принудени да го кажуваат тоа поради што не сакаат да бидат гледани поинаку од останатите поради тоа што се деца на родители од мешани бракови.

Меѓу тоа тие не се свесни за тоа дека младите се, се повеќе заедно вклучени во  општеството, каде што се голем дел од денот заедно. Тие работат на исто работно место, излегуваат на исто место, студираат на исти универзитети, посетуваат исти курсеви што до некаде ни укажува на тоа од каде може да произлезат љубовните искри . Младите како млади и луѓето како луѓе без разлика на етничката припадност се пред се личности со душа, срце и емоции. Секој може да биде заведен од физичкиот изглед, харизмата или пак да биде воодушевен од интелектот на некоја личност без разлика на неговата етничка припадност.

Понекогаш колку и да се трудиме тоа да го избегнеме, тоа едноставно се случува многу често посебно кај младите. Емоциите спонтано може да надвладеат со секоја личност и дури понекогаш да му го сменат животот засекогаш со тоа што на крај љубовта ќе биде овековечена со брак.

Creative Commons License

Бракови помеѓу личности од различна етничка припадност is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 2.5 Macedonia License.

Comments (1)